Условите што се нудат во Македонија се добри, одвреме-навреме се појавуваат проблеми, но заедно со македонската Влада ги решаваме, вели во интервју за Економски", извршниот директор на Џонсон Мети во Македонија, Џатин Такрар. Тој најави нови дополнителни 150 вработувања. Моментално имаме вработено 500 луѓе но планираме да вработиме до 650 луѓе. Тоа ќе се случи во следните две години. Веќе ангажиравме за дополнителните две линии во минатата година, ангажиравме автоинженери, хемиски инженери и хемичари, луѓе на кои им треба дополнителна обука за специфичната работа која се извршува овде во Џонсон Мети, вели Такрар.
Условите што се нудат во Македонија се добри, одвреме-навреме се појавуваат проблеми, но заедно со македонската Влада ги решаваме, вели во интервју за Економски", извршниот директор на Џонсон Мети во Македонија, Џатин Такрар. Тој најави нови дополнителни 150 вработувања.
- Моментално имаме вработено 500 луѓе но планираме да вработиме до 650 луѓе. Тоа ќе се случи во следните две години. Веќе ангажиравме за дополнителните две линии во минатата година, ангажиравме автоинженери, хемиски инженери и хемичари, луѓе на кои им треба дополнителна обука за специфичната работа која се извршува овде во Џонсон Мети, вели Такрар.
На прашањето колку се задоволни од вториот погон отворен во Бунарџик, Такрар вели дека во 2012-та година побарале проширување и решиле врз основа на успехот во Македонија, а тоа е голем успех, сите се задоволни од постигнатото од нашата прва инвестиција во Групацијата во Џонсон Мети.
- Ни требаше дополнителен капацитет во Европа. Минатата година ги направивме повеќето активности, ја изградивме фабриката сега е целосна, има две производни линии од првата инвестиција, линија 1 и 2, а во новиот капацитет има дополнителни две линии, линија 3 и линија 4. Линијата 3 е целосно оперативна, а линијата 4 планираме да ја пуштиме во употреба наредната година, потенцираше тој.